За нас

Trend Lounge Restaurant


Trend Lounge Restaurant, модерно и ексклузивно место. Со најпрефинети масла и сирења, богата традиционална кујна базирана на месо, традиција во необичниот начин на припрема споена со современиот начин на живот и силно влијание на медитеранската кујна.

Во нашата понуда се специјалитети од националната и интернационалнат кујна од посебно избрани свежи намирници. Со квалитетен избор на вина и музика во живо во вечерните часови ќе поминете пријатни и релаксирачки моменти. Во понудата се места во климатизирана просторија и места на тераса со поглед на Скопје 2014. Се на едно место. Добра храна, најдобри коктели, голем избор на вина и друг пијалок, разновидно вкусно кафе. Опуштена музика во текот на денот. За викенд најдобри музички перформанси и останати случувања. Најдобри и незаборавни родендени, весели матурски собири и деловни случувања и евенти.

Специфичната атмосфера во Trend Lounge Restoran ќе ви измами насмевка и кога сте тажни и нерасположени и ќе биде причина секогаш да се вратите.

Bistro London


Bistro London е суштината на современото Скопје - традиционално но отворено за нови знаења. Тоа нуди уникатно искуство, не само поради еден од најубавите погледи во Скопје, туку и заради најинтересниот ресторански простор исполнет со природна светлина во текот на денот и светлината на градот навечер.

Познатите градски боеми уште поодамна го одбраа ова бистро како култно место каде го започнуваа и завршуваа денот. Bistro London е место каде со сите сетила се доживува моментот. Место во кое можете да гледате, слушате, пробате, да ги допрете нештата...Места каде се создаваат спомените. Место каде се враќате по нови искуства или да ги споделите старите. Место на средби. Место кое ги спојува најдоброто од она што Скопје може да го понуди и даде: урбан момент, храна и луѓе. Во Bistro London веруваме дека со спојот на различностите се создава најдоброто.

И денеска вашето Bistro London, со стариот шарм и модерно редизајнираниот амбиент ве очекува во строгиот центар на градот Скопје на самиот плоштад Македонија.

Trend Food Bar


Вo Октомври 2012 година го отворивме Trend Food Bar. Овој TREND Food Bar служи автентична вкусна храна и голем избор на пијалоци. Исто така постојат и гурмански сендвичи, салати и свежи цедени сокови кои може да ги изберете. Голем спектар на десерти и вегетеријански опции се исто така достапни.
Кујна: Сендвичи, салати, доручек, пица, главни јадења, слатки. Најдобро за: кафе, брза храна, нешто слатко.


Организирање на настани и свечености

 
TREND LAUNGE RESTORAN- плоштад Македонија
LONDON BISTRO – плоштад Македонија
TREND FOOD BAR- SCM
TELEKOM TREND LAUNGE BAR- Кеј 13 Ноември


Во прекрасната и опуштена атмосфера на нашите елитни ресторани, организираме секаков тип на настани и свечености, создавајќи моменти за паметење, проследени со богато мени од интернационална кујна и врвна услуга.

Автентичноста, урбаноста и добро препознатливата локација создава симбиоза, единствено препознатлива за нашите ресторани.
Совршено кафе, вкусен појадок, салати во изобилство, пици, пасти и сосови, десерти и богата гама на квалитетни вина од најпознатите светски региони - сето ова е само дел од она што може да допре дури и до најпребирливите, до оние кои знаат што е најдобро.
Сѐ со цел да ја задржиме водечката позиција во доменот на угостителството одлучивме да понудиме нешто сосема ново - TREND Catering .
Кетерингот во TREND е сериозен проект кој ги задоволува сите критериуми на здрава и квалитетна понудена храна.
Затоа TREND спојувајќи ја традицијата, брзиот начин на живот и секако долгогодишен квалитет го претстави TREND Catering и воведе нешто ново со добро познати рецепти од нашата препознатлива кујна.
Ние знаеме дека како име и бренд, никогаш не би биле на водечката позиција доколку не водиме грижа за потребите и желбите на своите корисници. Во нашата специјализирана и модерна кујна ние подготвуваме безглутенска, посна и вегетаријанска храна, која можеме да ја дизајнираме онака како што вие ќе посакате.
Најважно од сѐ е дека производите кои ние ги нудиме се произведени во строго контролирани услови со примена на HACCP систем, а квалитетот на продуктите кои ги користиме е непрекинато следен од висококвалификувани технолози.

Доставата на храната ја извршуваме со специјализирани возила за таа намена. Сите возила се опремени со термо кинг, со што испорачаната храна ќе ја има соодветната температура.
Покрај подготовката и доставата на храната како и услугата на нашиот готвач и послуга, вашата приватна прослава можете да ја организирате и во некој од нашите објекти во Скопје.
Посетете нѐ и дознајте зошто сите овие години ние сме најдобриот избор за вашето уживање!


Вработување


Шеф на кујна, заменик шеф на кујна, шеф на ладна кујна, менаџер, помошници на шеф на кујна, готвачи, келнери, шанкери, пица мајстори...

Сите заинтересирани, пријавите може да ги испратат на email info@caffetrend.mk