КЕТЕРИНГ

Со цел да ја задржиме водечката позиција во доменот на угостителството одлучивме да понудиме нешто сосема ново на македонскиот пазар – TREND Catering .

Кетерингот во TREND е сериозен проект кој ги задоволува сите критериуми на здрава и квалитетно приготвена храна. Затоа TREND спојувајќи ја традицијата, брзиот начин на живот и секако долгогодишен квалитет го претстави TREND Catering и воведе нешто ново со добро познати рецепти од нашата препознатлива кујна.

Ние знаеме дека како име и бренд, никогаш не би биле на водечката позиција доколку не водиме грижа за потребите и желбите на своите корисници. Во нашата специјализирана и модерна кујна ние подготвуваме безглутенска, посна и вегетаријанска храна, која можеме да ја дизајнираме онака како што вие ќе посакате. Најважно од сѐ е дека производите кои ние ги нудиме се произведени во строго контролирани услови со примена на HACCP систем, а квалитетот на продуктите кои ги користиме е непрекинато следен од висококвалификувани технолози.

Доставата на храната ја извршуваме со специјализирани возила за таа намена. Сите возила се опремени со термо кинг, со што испорачаната храна ќе ја има соодветната температура.

Покрај подготовката и доставата на храната како и услугата на нашиот готвач и послуга, вашата приватна прослава можете да ја организирате и во некој од нашите објекти во Скопје.

Посетете нѐ и дознајте зошто сите овие години ние сме најдобриот избор за ваше уживање!

Броеви за нарачки: 072 216 228; 078 201 823