ЗА НАС

Trend Lounge Restaurant

Trend Lounge Restaurant, модерно и ексклузивно место. Со најпрефинети масла и сирења, богата традиционална кујна базирана на месо, традиција во необичниот начин на припрема споена со современиот начин на живот и силно влијание на медитеранската кујна.

Во нашата понуда се специјалитети од националната и интернационалнат кујна од посебно избрани свежи намирници. Со квалитетен избор на вина и музика во живо во вечерните часови ќе поминете пријатни и релаксирачки моменти. Во понудата се места во климатизирана просторија и места на тераса со поглед на Скопје 2014.

Се на едно место. Добра храна, најдобри коктели, голем избор на вина и друг пијалок, разновидно вкусно кафе. Опуштена музика во текот на денот. За викенд најдобри музички перформанси и останати случувања. Најдобри и незаборавни родендени, весели матурски собири и деловни случувања и евенти.

Специфичната атмосфера во Trend Lounge Restorant ќе ви измами насмевка и кога сте тажни и нерасположени и ќе биде причина секогаш да се вратите.

Bistro London

Bistro London е суштината на современото Скопје – традиционално но отворено за нови знаења. Тоа нуди уникатно искуство, не само поради еден од најубавите погледи во Скопје, туку и заради најинтересниот ресторански простор исполнет со природна светлина во текот на денот и светлината на градот навечер.

Познатите градски боеми уште поодамна го одбраа ова бистро како култно место каде го започнуваа и завршуваа денот. Bistro London е место каде со сите сетила се доживува моментот. Место во кое можете да гледате, слушате, пробате, да ги допрете нештата…Места каде се создаваат спомените. Место каде се враќате по нови искуства или да ги споделите старите.

Место на средби. Место кое ги спојува најдоброто од она што Скопје може да го понуди и даде: урбан момент, храна и луѓе. Во Bistro London веруваме дека со спојот на различностите се создава најдоброто.

И денеска вашето Bistro London, со стариот шарм и модерно редизајнираниот амбиент ве очекува во строгиот центар на градот Скопје на самиот плоштад Македонија.

Trend Food Bar

Вo Октомври 2012 година го отворивме Trend Food Bar кој служи автентична вкусна храна и голем избор на пијалаци. Исто така постојат и гурмански сендвичи, салати и свежи цедени сокови кои може да ги изберете. Голем спектар на десерти и вегетеријански опции се исто така достапни.

Кујна: Сендвичи, салати, доручек, пица, главни јадења, слатки. Најдобро за: кафе, брза храна, нешто слатко.

Trend Gastro Bar

На големо задоволство на сите гурмани кои сакаат да уживаат во удобна и модерна атмосфера на 01.06.2016 година во населба Аеродром (поранешен McDonalds) се отвори новиот Trend Gastro Bar.

Како што и самото име кажува, Gastro Bar е концепт кој ја освежува и одново дефинира кафе-културата преку концентрација на високо квалитетна кујна и ново, внимателно осмислено мени.

Новиот објект, уреден по светски стандарди, освен по удобноста и модерниот ентериер е препознатлив и по свежо приготвените порции храна, пицата приготвена на дрво-печки и специјалитети во кои се внимава на детали до последната користена состојка.

Trend Party Room

Trend Party Room започна со работа на 28.01.2016. Капацитет за возрасни изнесува 100 лица додека игротеката има капацитет до 40 дечиња.

Вкупниот простор на Trend Party Room во Тренд Центар (диско и игротека) изнесува 120 квадратни метри. Игротеката е намената за дечиња од 1-8 години и располага со најсовремени играчки.

Организираме секаков вид на забави (родендени, полуматури, матури, предновогодишни, новогодишни, свадби и секаков вид на приватни забави).

Trend Party Room – Aеродром

Trend Party Room во Trend Gastro Bar Аеродром започна со работа на 01.06.2017. Опремен со најсовремени играчки, брзо стана омилено место на сите наши помлади посетители, но и на нивните родители кои додека нивните дечиња си играат, уживаат во вкусно кафе и останатите специјалитети кои ги нуди Trend Gastro Bar.

Организираме секаков вид на забави (родендени, полуматури, матури, предновогодишни, новогодишни, свадби и секаков вид на приватни забави).

London B&B

Лондон Б & Б е нов сместувачки капацитет лоциран во срцето на Скопје. Само со еден чекор надвор од влезот и се наоѓате на главниот плоштад на Скопје и сето тоа што има да го понуди: Во близина се наоѓаат голем број на атракции, вклучувајќи ja светски познатата спомен-куќа на Мајка Тереза, Старата чаршија, уникатни фонтани и историски споменици, голем број на ексклузивни шопинг центри како и низа инспиративни музеи.

Кафана Шпајз

Лоцирана во срцето на Дебар Маало, Шпаје е уникатна традиционална кафана која ви го нуди најдоброто од скопскиот боемски живот.
На самиот почеток на Боемска улица, Шпајз е првата кафана што ќе ви падне во очи и единственото место кое ќе сакате да го посетите во иднина.

Организирање на настани и свечености

TREND LОUNGE RESTAURANT – плоштад Македонија LONDON BISTRO – плоштад Македонија TREND FOOD BAR – Skopje City Mall TELEKOM TREND LOUNGE BAR – Кеј 13 Ноември

Во прекрасната и опуштена атмосфера на нашите елитни ресторани, организираме секаков тип на настани и свечености, создавајќи моменти за паметење, проследени со богато мени од интернационална кујна и врвна услуга. Автентичноста, урбаноста и добро препознатливата локација создава симбиоза, единствено препознатлива за нашите ресторани. Совршено кафе, вкусен појадок, салати во изобилство, пици, пасти и сосови, десерти и богата гама на квалитетни вина од најпознатите светски региони – сето ова е само дел од она што може да допре дури и до најпребирливите, до оние кои знаат што е најдобро.